Бизарно но вистинито
19. May 2016 - 14:49

Напалена професорка фатена додека имала секс со ученик на гробишта

На почетокот на овој месец Кели Алдинџер (49) била уапсена и испратена во затвор откако, наводно, била фатена како има секс со ученик на гробишта во Истон, Пенсилванија.
 
Кели е обвинета за сексуално злоупотребување на малолетник. До 2000. година живеела со својот сопруг, а после разводот се преселила кај своите родители.
 
Ако биде осудена, ќе се соочи со седум години затвор и казна од 15.000 долари.
 
Полицијата соопштила дека професорката била фатена на 6. мај околу 13:00 часот, додека имала секс со момче од 17 години на гробиштата. И Кели и ученикот изјавиле дека имале сексуални односи од есента, кога тој имал 16 години.
 
Кога станува збор за силување, во американската држава пенсилванија старосната граница е 16 години, а за искористување малолетник е 18. години.
 
Тие двајца се запознале кога таа дошла како замена во неговото училиште. Познато е дека има едно дете и дека досега не била апсена.