Свет
23. July 2016 - 16:41

Напаѓачот во Минхен не е поврзан со ИСИС, убиени се девет, а повредени 20-тина посетители

Најмалку деcет луѓе беа убиени и 27 повредени во вчерашниот вооружен напад во трговскиот центар ,,Олимпија,, во Минхен, Германија. Шеснаесет луѓе се хоспитализирани ,  а тројца се во „тешка состојба. Oсум  убиени се на возраст меѓу 14 и 20 години.Меѓу убиените  три се од женски пол. Сите жртви потекнуваат од Минхен и околината, меѓу нив нема странци или туристи. Пронајдено е  и  телото на напаѓачот,  кој се самоубил во  улица блиску до шопинг центарот.

Германската полиција утрово изврши претрес во станот на 18-годишниот напаѓач во трговскиот центар во Минхен.Напаѓачот кој живеел заедно со своите родители во реонот Максфорштад, е идентификуван како  Али Давид Сонболи, Германец со иранско потекло, имал двојно државјанство, германско и иранско. претходно бил на психијатриска терапија. Истрагата тврди дека  оружјето со кое го извршил делото го поседувал нелегално.  а во  ранецот имал 300 куршуми за пиштол. Атентаторот од Минхен , немал никакви контакти со исламистички екстремисти.

Според неговите соседи Давид бил повлечено, срамежливо и мирно момче, кое ретко ги отпоздравувало  соседите .

Според  медиумите тој во детството бил вербално злоставуван на училиште што може да биде причина за нападот.

Косовскиот портал „Косов инфо“ денеска објави дека тројца,(едно момче и две девојки) од загинатите при нападот , се  косовски државјани.

Засега никој не ја  презеде одговорноста за нападот.

Ова е трет напад врз цивили во Европа за осум дена.