Свет
13. March 2018 - 9:48

Напаѓачот од Виена се обиде да се самоубие во затвор

Авганистанецот кој во средата со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена, се обиде да се самоубие во затворот. Тој бил спречен од затворските чувари, кои веднаш реагирале и ги презеле неопходните мерки.

Џафар С. (23) е префрлен во болница и при прегледот е утврдено дека не си нанел сериозни повреди.

За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот.