Loading Video...
Свет
15. March 2019 - 12:09

Напаѓачот од Нов Зеланд пред нападот слушал српска музика, а на оружјето имал испишано имиња на српски борци

49 лица се убиени а дваесетина повредени во крвавиот масакр кој рано утрово се случи во местото КрајстЧрч во Нов Зеланд. 28 годишниот екстремист од Австралија Брантон Тарант со огнено оружје ја прекинал петочната молитва во двете локални џамии при тоа убивајќи го секој кој му бил на патот.

Целиот масакр, Трантон го пренесувал во живо на социјалните мрежи со камера монтирана на неговата глава. На видеото може да се забележи како екстремистот со автомобил се движи кон џамиите слушајќи српска музика. На оружјето може да се забележат антиисламски пораки на руски, германски и бугарски јазик како и имиња на српски кнезови кои загинале во борбата со османлиите. 

Очевидци велат дека напаѓачот испукал над педесетина куршуми. Пред камерите тие сведочат за ужасот

Во својот крвав поход, напаѓачот убил 7 лица во првата и 41 во втората џамија. Еден од повредените починал во болница. Над 20 повредени имаат прострелни рани.

Заедно со 28 годишниот Австралиец кој во Нов Зеланд дошол специјално за да го изврши нападот уапсени се уште двајца мажи и една жена, но нема информации дали и каква била нивната вмешаност во инцидентот.

Премиерката на Нов Зеланд рече дека станува збор за терористички чин

Светските медиуми пишуваат дека Тарант бил бел екстремист фиксиран на борба против мигрантите и муслиманите.

Главен мотиватор му бил Норвежанецот Андрес Брејвик кој пред 8 години уби 77 лица на сличен начин, откако со огнено оружје влезе на островот Утој во време кога таму имаше собир младината на лабуристичката партија.