Свет
10. December 2019 - 12:38

Напаѓачот на болницата во Острава се самоубил

Напаѓачот, кој отвори оган во болница во чешкиот град Острава и уби шест лица, се самоубил, соопшти полицијата на Твитер.

Безбедносните органи појаснуваат дека мажот си пукал во главата.

– Го пронајдовме напаѓачот. Четириесет и две годишниот маж се застрелал во главата пред ние да интервенираме. Тој е мртов, изјавија од полицијата.

Мотивот за нападот утринава во Универзитетската болница во Острава останува неизвесен. Во нападот се повредени и две лица, кои се наоѓаат во критична состојба.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ќе го посети местото на инцидентот заедно со министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.