Напаѓачите на полицаецот Филип доживеале сообраќајна несреќа по инцидентот
По инцидентот во дискотека во село Марино, каде беше избоден 27-годишниот полициски службеник Фили Филиповски, неговите напаѓачи доживеале сообраќајна несреќа, потврдуваат од МВР за „Фокус“. Од таму додаваат дека сообраќајката поминала без потешки повреди и само е причинета материјална штета.
За нападот се осомничени браќања Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешниот градоначалник на Петровец, Звонко Цветковски, кој истовремено е и советник во МВР.
Браќата Цветковски по инцидентот беа приведени, но притвор не им беше одреден.
Таткото на Филип, Гоце Филиповски, тврди дека ножот со кој бил извршен нападот се уште не е пронајден. Повредениот Филип е се уште хоспитализиран на скопските клиники. Извршена му е операцијата на бубрегот и извадена му е слезината. Од КАРИЛ велат дека неговата здравствена состојба е стабилна.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК