Бизнис
8. January 2020 - 16:53

Нападот на Иран ја крена цената на нафтата

Цената на нафтата се доближува до 70 долари за барел. По синоќешниот напад на две американски бази во Ирак од страна на Иран, берзите реагираат. Од страв дека може да дојде до намалување на испораките на нафта, цената на црното злато тргнаа нагоре.

Суровата нафта од типот Брент на стартот на денешното тргување надмина 71 долар за барел за потоа да се стабилизира на 69,2 долари.

Од ОПЕК, Организацијата на земји извознички на нафта велат дека се подготвени да одговорат на тензиите на средниот исток. Министерот на енергија на Обединетите Арапски емирати за ЦНН вели дека тие ќе сторат се за испораката на црното злато да не застане. Во однос на цената вели дека светот не е во позиција да издржи висока цена како пред десетина години.

Кај нас цените се формираат на неделно ниво. Денеска цените и на бензините и дизелот паднаа за половина денар. Дали следната недела ќе има раст на цените на горивата ќе зависи од движењето на безрите во наредните денови.