Македонија
31. October 2016 - 12:36

Нападнати и ограбени две малолетни момчиња во Центар

Синоќа во 22.40 часот во ПС Центар Р.О.(18) пријавил дека околу 21.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“, додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21) и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот.
 
Истите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1 000 денари.
 
Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.