Македонија
3. November 2017 - 13:52

Нападнати чичко и внук во Аеродром, крвнички ги удирале со боксови, клоци и тврди предмети

Рано утрово во 03.30 часот, Н.Б. (33) од с.Негорци, гевгелиско, пријавил дека навчера околу 23.30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од с.Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица.
 
Според пријавеното, напаѓачите ги удирале со тврди предмети , боксови и клоци во пределот на телото и главата, со што им нанеле видливи повреди.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.