Македонија
10. April 2017 - 21:32

Нападната сопругата на актерот Тони Михајловски!

Сопругата на актерот Тони Михајловски денеска била нападната на скопскиот плоштад од три машки лица.

-Денес, тројца фраери, најверојатно од бањатите, урбаните, борци за слобода, шарени револуционери, платформаши, у секој случај буљаши, ја нападнале жена ми на плоштад. Само заради тоа што ми е сопруга. Ја навредувале. Храбро. Тројца.  Не знам зошто ова го пишувам овде. Најверојатно за, евентуално, да прочита некој од нив. Па ако тоа се случи, “мажишта”, на мене кажете ми се што сакате. Повелете кога сакате и каде сакате, напиша Михајловски на социјалните мрежи.