Македонија
5. May 2019 - 17:22

Нападнат возач на ЈСП кај ТЦ „Бисер“

Возач на ЈСП доцна синоќа бил физички нападнат од две лица  додека управувал автобус пред Трговскиот центар „Бисер“.

Случајот го пријавил во СВР Скопје, во 23:35 часот.

Како што соопшти полицијата, станува збор за Б.Д. (42) од село Раштак, Скопско, вработен во ЈСП Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.