Македонија
8. July 2020 - 16:01

Нападнат возач на автобус во ЈСП во Ѓорче

Возач на авотобус на ЈСП бил нападнат од патник додека бил на смена.

-Вчера во 02:00 часот во СВР Скопје, 49-годишниот З.Р. од село Волково, скопско, вработен како возач на автобус во ЈСП Скопје, пријавил дека на 07.07.2020 околу 22:30 часот, додека управувал градски автобус од населба Хром кон населба Ѓорче Петров, на ул.„Ѓорче Петров“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 22-годишниот А.З. од Скопје. По преземени мерки А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок - информира МВР.