Македонија
16. September 2020 - 18:37

Нападнат полициски службеник на бул. „Партизански одреди“

При извршување на службени задачи вчера на бул.„Партизански одреди“ во Скопје бил нападнат полициски службеник, соопштенија од МВР.

-На 15.09.2020 во 02.40 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени задачи, се наведува во полицискиот билтен.

Б.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.