Македонија
15. December 2015 - 12:40

Нападнат малолетник, тројца разбојници му украле мобилен

Во Полициската станица во „Ѓорче Петров“ синоќа во 23.00 часот, Г.Б.(51) од скопското село Буковиќ, пријавил дека истиот ден околу 21.00 часот во Скопје на ул.„Македонски Војски“бб, три непознати лица извршиле разбојништво над неговиот петнаесетгодишен син.

МВР денеска соопшти дека лицата со закана дека физички ќе го нападнат му го побарале мобилниот телефон „Лумниа-535“, кој неговиот син им го дал, а потоа лицата го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.