Свет
18. March 2019 - 14:20

Напади ширум Утрехт, во полиција пријавено пукање на неколку локации, потрагата по напаѓачот е во тек

На повеќе места во Утрехт е пријавено пукање, тврди шефот на холандските антитерористички власти, само неколку часа откако непознати напаѓачи отвориле оган во трамвај, убивајќи еден и ранувајќи неколку граѓани.

Антитерористичкиот кооридинатор Питер- Јаап Аалбертсберг предупреди на Твитер дека „виновникот се уште е во бекство“ и дека „мотивот за тероризам не може да биде исклучен“.

Во раната фаза, тој објави не нивното на закани во покраината Утрехт пораснало до 5, што е највисоко можно ниво.