Македонија
28. January 2018 - 14:31

Напад врз полицајци во Неготино

Вчера по претходно добиена поплака од А.К. од Неготино против П.Ц.(22), полициски службеници од Полициска станица Неготино се упатиле во објект на бензинска пумпа „Џед-Оил“, каде се наоѓал П.Ц., кој кога ги видел почнал да упатува закани и во еден момент го фатил едниот полициски службеник за елекот од униформата, го повлекол кон себе и го удрил.

П.Ц. е приведен и задржан во Полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.