Балкан
20. August 2018 - 8:31

Напад врз американската амбасада во Турција: Од автомобил во движење испукани рафали

Врз американската Амбасада во Aнкара утрово околу пет часот по локално време, било пукано од возило во движење. 

Погоден е објектот за обезбедување, но никој не е повреден. Непознатиот напаѓач или напаѓачи избегале.

Инцидентот се случува во време на затегнати турско-американски односи поради американскиот пастор Ендру Бренсон, што доведе до ескалација на трговскиот и дипломатскиот спор.