Свет
19. August 2017 - 13:43

НАПАД во Русија: Човек со нож пресече осум лица на улица!

Осум лица се повредени кога непознат маж со нож нападнал минувачи во рускиот град Сургут.

Како што навеле сведоци на настанот, полицијата го убила напаѓачот, пренесе „Раша тудеј“.

Нападот се случил во Сургут, во Ханти-мансискиот автономен округ.

Идентитетот на напаѓачот, како и мотивите за нападот, се уште се утврдуваат.