Свет
9. October 2019 - 13:54

Напад во Германија: Две лица убиени пред синагога на најголемиот еврејски празник

Најмалку две лица се убиени пред синагога во германскиот град Хале.

Неколку луѓе се повредени, а напаѓачот е во бегство.

Како што јавува Билд, напаѓачот од автоматска пушка пукал пред синагогата,а според првичните информации фрлена е и граната на блиските еврејски гробишта.

Инаку, денеска Евреите го одбележуваат Јом Кипур, еден од најважните празници.

Полицијата ги повика сите кои се наоѓаат во близина да останат во своите домови, а покрената е голема потрага по напаѓачот кој побегнал со автомобил.

Додаваат и дека побегнал кон Лајпциг.