Балкан
25. March 2016 - 8:56

Напад со молотови коктели врз полицска станица

Група од дваесетина лица доцна синоќа извршиле напад врз полициска станица во атинската населба Панграти. 

Како што објави грчкиот информативен сајт Њуз.ин, напаѓачите минувале пеш пред полицската станица и одеднаш фрлиле три молотови коктели врз објектот.

При експлозиите на молотовите коктели нема жртви, туку само е предизвикана материјална штета на зградата на полициската станица,

Според грчките медиуми, во врска со овој напад полицијата уапсила 20 лица.

Идентитетот и мотивите на напаѓачите засега не се соопштени.

Во минатото одговорност за вакви слични напади во Грција преземаа разни екстремно левичарски и анархистички групи.