Свет
4. November 2020 - 14:31

Напад пред Белата куќа, повредени приврзаници на Трамп

Четири лица, жена и тројца мажи, биле ранети пред Белата куќа ноќта по изборите, пренесуваат американските медиуми.

Тие биле прободени со нож, немаат опасни по живот рани, но биле пренесени во болница, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека жртвите од нападот се декларирале како приврзаници на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Четири лица се повредени во расправија со тројца осомничени во близина на раскрсницата од 14. улица и Њујорк авенија Северозапад околу 2,30 часот, соопшти полицијата, јави „Ен-би-си Вашингтон“.

Полицијата соопшти дека трага по тројца осомничени, двајца мажи и една жена.