Свет
28. April 2019 - 11:00

Напад на синагога во Сан Диего: Убиена една жена,а рабин и уште две лица се тешко ранети

Една жена загина, а рабин и уште две други лица се ранети откако 19-годишен напаѓач пукаше во синагога во близина на Сан Диего, соопштија американските власти.
 
Претседателот Доналд Трамп и други официјални претставници го осудија нападот и го карактеризираа како антисемитски, објави агенцијата АП.
 
Трамп изрази сочувство до жртвите и луѓето засегнати од овој напад, додавајќи дека очигледно станува збор за злосторство од омраза и дека властите ќе го испитаат целиот случај, пренесе „Ројтерс“.
 
Нападот се случи точно шест месеци откако 11 луѓе беа убиени во синагога во Питсбург.
 
Напаѓачот е идентификуван како Џон Ернест, а тој испукал повеќе рафали во синагогата во областа Паувеј, во близина на Сан Диего, изјави шерифот Вилијам Хил.
 
Припадник на обезбедувањето пукал во напаѓачот додека тој бегал од местото на инцидентот, но го промашил односно го погодил само неговото воизло.
 
Напаѓачот успеал да избега со автомобилот, но подоцна полицијата го фатила на автопат и го уапсила, изјави шефот на полицијата во Сан Диего, Дејвид Нислајт, а објави АП.
 
Ернест нема криминално досие, но инспекторите ги испитуваат тврдењата кои ги напишал во манифест објавен на интернет, дека минатиот месец подметнал пожар и во џамија во близина на градот Ескондидо, при што беше причинета материјална штета, но немаше повредени.