Живот
7. November 2016 - 16:57

Напад на легло змии кој го снимил ББС шокираше милиони гледачи низ светот

Гледачите на ББС вчера останаа шокирани после драматична снимка која беше прикажана во долгоочекуваниот Planet Earth 2.
 
Снимката всушност прикажува игуана која се обидува да помине низ легло змии кои на крај се пуштаат во потера по несреќното животно.
 
Кога екипи на BBC за прв пат го виделе овој несекојдневен случај, останале вчудоневидени.
 
Милиони гледачи останале шокирани по снимките, а некои ги опишале и како "хорор филм во вистинскиот живот".