Македонија
7. February 2018 - 10:34

Напад на куче во Демир Капија - маж заврши во болница

Граѓаните на  Демир Капија потресени откако куче нападна среде бел ден 45-годишен сограѓанин. Според информациите на полицијата, вчера околу 12.30 часот А.С. (45) од Демир Капија, додека се движел  по ул.„Партизанска“ во Демир Капија, бил соборен на земја и каснат од куче, домашен миленик, сопственост на Љ.Д. (59) од Демир Капија. Кучето го каснало А.С. за левата нога во пределот на потколеницата. Веднаш потоа А.С. го пријавил случајот во Полициската станица во Демир Капија.