Ракомет
26. May 2018 - 17:24

Нант прв финалист во ракометната Лига на шампиони

Екипата на Нант е првиот финалист на „Фајнал фор“ турнирот од ракометната Лига на шампионите, откако попладнево во Келн триумфираше над фаворитот ПСЖ со 32:28 (17:14).
 
Нант водеше речиси цел натпревар, го диктираше темпото на натпреварот и заслужено дојде до мечот за шампионската титула.
 
Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров постигна осум гола на меѓот, од кои седум од пенал, исто колку и Турна, а голема заслуга за победата на Нант имаше и голманот Думулан, кој демонстрираше извонредно издание на голот.
 
Во составот на ПСЖ се истакнаа Ремили со шест и Хансен со пет гола.
 
 
Ривал на Нант во финалето ќе биде подобриот од мечот меѓу Вардар и Монпелје, кој почнува од 18:00 часот.