Фудбал
12. July 2018 - 13:57

Нани кариерата ќе ја продолжи во Спортинг

Поранешниот португалскиот репрезентативец Нани кариерата ќе ја продолжи во Спортинг од Лисабон.
 
Нани, кариерата ја започнал во овој клуб, а во 2007 година направи трансфер во Манчестер јунајтед. Во клубот од Лисабон се врати во 2014 година, кога настапуваше како позајмен играч, а во изминатата сезона го носеше дресот на Лацио.
 
За Лацио одигра 18 натпревари и постигна три гола.