Македонија
14. September 2017 - 12:44

Наместо во затвор слободно минувал граници, фатен криминалец на Јажинце

Вчера во 14.20 часот на Граничен премин „Јажинце“, при пасошка контрола, било констатирано дека за лицето Е.Д. (28) с.Порој, тетовско, постои мерка „Лиши од слобода“ по наредба на Основен суд Тетово за издржување казна затвор во траење од четири месеци.

Во 16.20 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициско одделение од општа надлежност Јегуновце за понатамошна постапка.