Македонија
13. October 2017 - 13:10

Наместо вино испил отров - гостиварчанец се бори за живот на скопските клиники

Гостиварчанец итно пренесен во болница поради труење од непозната течност.Вчера а околу 16.00 часот на Ургентното одделение во болница во Гостивар бил донесен Џ.К. (59) од с.Балиндол, кој испил, односно се затрул со непозната течност која била во шише за вино.

На Џ.К. му била укажана лекарска помош, а поради сериозно нарушената здравствена состојба бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.