Македонија
13. August 2020 - 13:15

Наместо средба со лидерите на албанските партии Ахмети седна на маса со новинарите

ДУИ и СДСМ ќе ги продолжат разговорите. Ахмети порача ако се барикадираме нема да биде добро за земјата, не е добро ни да се оди на предвремени избори.

„Во ДУИ ќе доминира логиката и разумот. Ние имаме добра волја да ги надминеме разликите. Јас сум љубопитен и чекам да слушнам уште посилни аргументи за платформата која сме ја претставиле и ќе ги соочиме фактите.  Јас не ги поканив лидерите за прашањето на премиерот, тоа го разбрале во првичните средби со Зоран Заев и заборавиле дека во дом се влегува преку врата, а не преку прозор,“ изјави Ахмети.

Со тоа што не дошле на средбата лидерите од албанскиот блок ја намалуваат силата и притисокот врз Заев.

За Ахмети се уште е отворено прашањето за Албанец премиер, но сепак тоа е дел од црвените линии од кои не отстапуваат.

„Ние ги имаме поставено црвените линии тоа се: Нема враќање од Охридскиот Договор, од Преспанскиот Договор и од Добрососедскиот Договор. Една друга наша заложба е и законот за ветинг за сите,“ додаде Ахмети.

За калкулациите за премиерската позиција да биде поделена на неколку години Ахмети порача дека не сака да ја оптоварува јавноста и не прави трговија.

 
Мирјана Давидовска