Свет
18. April 2017 - 12:46

Наместо роденден спремаат погреб: Синот починал откако го "отворил поклонот" од неговата мајка

Една мајка од Нојнкирхен во Германија го почестила синот со необичен подарок – посета на бордел. Меѓутоа, „отворањето на подарокот“ завршило трагично, зашто 24-годишникот починал додека водел љубов со 21-годишна проститутка.

Како што пишува германски „Билд“ момчето, кое имало околу 150 кг заминало во соба со девојката, а мајката останала да чека во приземјето. Проститутката се фрлила на работа, но момчето паднало во бесознание. Пожарникари го спуштиле низ прозорец, лекари од итната помош го реанимирале и го одвеле во болница.

За жал, момчето починало во болница, најверојатно од срцев удар.

Освен прекумерната тежина, причина може да биде и вијаграта што ја испило пред посетата на борделот.