Џет-Сет
22. February 2017 - 18:53

Наместо рамен стомак, водителка случајно покажа голи гради

Трини Вудал е позната британска стилистка, дизајнерка, телевизиска водителка и авторка која на социјалните мрежи ја следат повеќе од 200.000 луѓе.

Во видеата кои таа редовно ги објавува дели совети за мода и шминка, а во оваа прилика подели повеќе отколку што сакаше.

Трини зборуваше за тоа како да се носи облека за тренинг,  облечена во широка сива маица и хулахопки. Во еден момент, со цел да го покаже убаво дефинираниот стомак, ја крена маицата повеќе отколку што тоа беше потребно и така ги почести своите следбеници со поглед на своите гради.

Штетата не можеше да се поправи затоа што видеото беше снимено во живо, а дизајнерката продолжи со својата презентација како ништо да не се случило.

Гафот на оваа 53- годишна Британка набрзо стана вирален, а многумина се сомневаат и дека познатата стилистка тоа го направила намерно.

https://