Свет
31. March 2017 - 15:18

Наместо повик за молитва стенкање и звуци од жежок секс од минаре на џамија

На никого во населбата не му било јасно што се случува кога наместо молитва, слушнале звуци од жежок секс.
 
Ташин Бабас, градоначалник на турскиот град Кастамона, вети истрага за скандалот што неодамна ја шокираше целата земја.
Имено, на Јутјуб беше објавена снимка на која се слуша како од минарето на џамијата Кузејкент, наместо повик за молитва, одекнаа звуци од порнофилм.

- Некој нелегално упаднал во системот на нашата општина. Потребно е итно да ги пронајдеме сторителите на овој дрзок и непристоен чин. Им се извинуваме на нашите драги сонародници поради непријатната ситуација - изјави градоначалникот Бабас во врска со случајот.

Полицијата интензивно трага по виновниците, иако на социјалните мрежи се шират шеги дека инцидентот го предизвикале вработените во јавните служби кои заборавиле да ги исклучат звучниците додека на работа гледале порно филм.