Балкан
16. јуни 2016 - 10:04

Наместо полуматура спремаат погреб: Ова е детето кое загина во сообраќајка

Гаго мој ми рече дека оди на прослава за роденденот, беше среќен. Вака со солзи во очите раскажува Слободанка чиј 15-годишен внук Драган загина во страшна сообраќајна несреќа. Тој настрада во Џипот на смртта заедно со 23-годишниот Станислав Петковиќ.

- Сине зошто ме остави, ти купив лептир машна и патики...ништо не успеа да облечеш...рече одам на прослава за 15. роденден. Сега наместо полуматура, спремаме погреб, викала низ солзи бабата на младото момче.

Несреќните момчиња се враќале од град кон Обреновац. Во еден момент автомобилот загубил контрола и удрил во ѕид. Драган седел на задното седиште и починал на лице место.

Во домот владее тага и молк. Мајката лежи и не може ни да зборува. Единствено повторувала да ископаат гроб и за неа, бидејќи не го пушта сам својот син.

- Што ќе прави братчето на Гаго, има 5 години, постојано прашува кога ќе си дојде брат ми дома, додава бабата низ солзи.

Навистина голема трагедија. Нека почива во мир.