Наместо на свадба ги испратија во вечното почивалиште, погребана девојката и момчето што ја уби
Наместо планираната венчавка, заеднички живот и детето кое беше на пат, двајцата млади денеска се погребани на селските гробишта со солзи и лелек од најблиските.
Прво на вечно почивалиште во Бантски двор е испратена Сабина Вида (18) од која се простија мајката Жужана, нејзината две години постара сестра Лидија, браќата Стефан (8) и двегодишниот Леон како и очувот Ерне Ковач. Во дворот на нивниот скромен дом, плачеше и старо и младо. Немаше утеха ниту за таткото на Сабина Норберт.
Сабина со солзи во очите ја испратија и нејзините другари од основно и средно училиште.
-Наместо на нашата драга Сабина да и се радуваме што ќе облече венчаница, а потоа и да ја гледаме со бебе во прегратка, ние ја погребуваме. Ова е голема трагедија за нејзиното семејство, но и за нашето село. Не знам што друго да кажа,. Зборовите се излишни. Ме боли душата гледајќи ја Жужана како неутешно плаче по својата ќерка,вели соседката Љубица Маљковиќ.
Точно напладне, во Михајлово е погребан убиецот на бремената девојка Милан Цимеша (24). Закопан е покрај покојните баба и дедо. Во поворката беа неговите родители Душко и Гизела, сестрата Душанка, ридутелите и пријателите. Значително помалку луѓе дојдоа на неговиот погреб за разлика од погребот на неговата девојка, која тој ја измасакрира со нож, а потоа си пресуди на себеси.
-Сите го знаеме како мирно и повлечено момче. Со него работев во зрењански „Радијатор“. Многу се изненадив кога слушнав што направил. Не требаше така, вели негов близок пријател.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари