Македонија
3. October 2021 - 16:38

Наместо мачиња и кучиња Македонци чуваат лавчиња - полицијата води истрага за шверцерите на егзотични животни

Кој шверцува мали лавчиња и како влегле во земјава? Откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како повеќе лица позираат со лавови, а Здружението за заштита на животни Анима Мунди веднаш алармираше и побара одговорност, МВР почна истрага. Во координација со Министерството за животна средина, постапувале по случајот. Неофицијално, се сомничи лице вработено во АРМ за директна вмешаност со нелегалниот шверц со лавови, но и вработен во Царина. Која е процедурата и кој може да купи лав? Легално, во Македонија – никој, затоа што внесување и изнесување на загрозен животни во и од територијата на земјава, според Конвенцвијата за меѓународна трговија е строго забрането со закон. Може само да го набави Зоолошката градина преку размена со други европски земји. Нелегално, на црниот пазар, се споменува цена од 25,000 до 35,000 долари. Во Америка на пример, цената може да достигне и до 140,000 долари за белите ретки лавчиња.

Од Царина велат, најверојатно лавчињата се прошверцувани. Немаат евидентиран случај за увоз на лав од физичко лице. За да се увезе, потребна е посебна дозвола од Министерството за живота средина и од Ветеринарен инспекторат. Таква дизвола до сега не е издадена. Од Инспекторатот за животна средина излегле на терен, но на посочената локација, не ги нашле лавчињата. Алармираат на пропусти во системот – односно немањето Депозитар за одземени животни... така што и да ги нашле лавчињата, ќе немало каде да ги сместат и, само ако прифати Зоолошката, може да ги чуваат таму, но и за тоа треба посебни услови, однсно да поминат извесен период во карантин, да се направат сите ветеринарни прегледи и потоа период на адаптација во новата средина.

Според македонските закони, за неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни се предвидува парична казна или затвор до 3 години.