Бизнис
31. March 2017 - 20:28

Наместо долги судски процеси, беспатно и брзо решавање на работни спорови со вондуски спогодби

Побрзо, поефикасно и бесплатно решавање на работните спорови со помош на вонсудска спогодба. Избраканите  или казнети  работници кои сакаат да го тужат газдатата или пак работодавачот кој е отштетен од работникот и сака  правдата да ја бара по судски пат –наместо да плаќа скапи адвокати, ќе може спорот да го реши на мирен начин, без да плати ништо.  Веќе има неколку обучени лиценцирани помирувачи и арбитри.

-До сега има само 4 случаи кои се решени по спогодбен начин, а досегашното искуство покажува дека преку синдикатите на пример за судки спорови годишно се плаќаат по 400 до 500 илјади евра. изјави Живко Митревски, претседател на ССМ

Мирното решавање на работните спорови е само една од трите компоненти на проектот  - Унапредување на социјалниот дијалог. Останатите се јакнење на социјалниот дијалог, како и воспоставање инфраструктура и поттикнување на колективното договарање. Цели, кои поради политичката криза  во изминаиот период малку се запоставени

Зголемување на дијалогот меѓу институциите кои ги застапауваат интересите на работниците, на работодавачите и на државата  е од клучно заначење  во креирање на поволен економски и социјален развој на земјата, велат од Межународнатата оргазнизацоај на трудот

-Меѓу конкретниоте активности се и формирање и целосно опремување на локални економско социјални совети во 6 градови во земјата, изработка на деловодник, годишна програма за работа и комуникациска стратегија..., изјави Антонио Грациози, директор на Меѓународната организација на трудот

Спроведувањето на проектот Унапредување на социјалниот дијалог е финансиран од Европската Унија.  За него, во изминативе 2,5 години се вложени 1,3 милиони евра.