Македонија
4. September 2015 - 16:38

Намерата беше, не херметички да ја затвориме границата, туку да го редуцираме влезот согласно нашите капацитети - Чавков

Македонија внимателно ги следи сите трендови околу миграциските процеси и се справува согласно законските права и обврски за заштита на сопствената граница намерата на нашата држава е да не ја затвора херметички границата, туку да го редуцира влезот согласно капацитетите за прифаќање, регистрација и хуманитарен третман на мигрантите кои што во одреден период ескалираа како бројки истакна министерот на внатрешни работи Чавков на денешната средба со своите колеги од Австрија Србија и Унгарија .

Потребно е на национално ниво заеднички што поскоро да се изнајде решение за оваа ситуација бидејќи ги засега сите држави на европскиот континент.

На денешната средба беше потпишан Меморандум за разбирање посветен за чекорите кои се неопходни за задржување на вонредниот притисок на мешана миграција која ги засега овие земји.