Бизнис
12. September 2017 - 19:40

Намалувањето на казните за фирмите ќе ги стимулира повторно да го кршат Законот

Со намалувањето на казните фирмите ќе се мотивираат да го повторуваат незаконскотот работење сметаат финансиските аналитичари.

Позитивно е тоа што со нивнотот намалување ќе се намали и притисокот врз стопанството и нема да имаат големо влијаени врз финансиското работење на фирмата.

Но  од друга страна ако казната е помала  од она што би го добиле бизнисмените доколку  го прекршат законот во тој случај  ќе ја платат казната, а во идина ќе го повторат делото.

Со намалувањето на казните ќе се намалат и приходите во буџетот по овој основ, но според Гацов канзите не треба да имаат фискална цел туку превентивна.

Гацов позитивно го оцени предлогот со кои се предвидува објектот кој ќе биде пломбиран поради кршење на законот да може да почне со работа во исито момент кога ќе биде платена казната а не да биде затворен 15 дена.

Пред неклку дена министерот Шапуриќ најави намалување на казните на фирмите. Процес кој предвидува менување на повеќе закони.

Во моментов во Македонија казните за неиздавање на фисклна сметка се 5000 евра за правното лице и од 2.500 до 3.000 евра за физичкото лице.