Македонија
9. September 2020 - 15:40

Намалување на активните случаи со коронавирусот во Кичево

Во Кичево денеска нема новозаразени лица со коронавирусот, за среќа има двајца оздравени. Со ова, вкупниот број на заразени во нашата општина остана на 286 лице, информира Џабир Бајрами директорот на Здраствена дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.

Тој додаде дека има вкупно 40 активни случаи, 232 излекувани, а 14 лица се починати.

-Во последните неколку денови во континуитет има намалување на активните случаи во нашата општина. Тоа е добро, но и покрај оваа ситуација останува апелот до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции, додаде Бајрами.