Македонија
9. January 2018 - 11:23

Намалено нивото на реките

Речиси пет пати пониско од просекот за јануари е нивото на реката Сатеска кај Ботун, а тројно намален е Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, 2,5 пати пониско е нивото на Цра Река кај Новаци, а намалени се и водостоите на Вардар кај Скопје и Велес, Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.

Зголемувања бележат Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со јануарскиот просек.