Балкан
18. јуни 2021 - 18:06

Намалено ДДВ за 30 отсто на пет грчки острови погодени од бегалските и мигрантските бранови

Грчките острови Хиос, Лезбос, Кос, Лерос и Самос, добиваат  трајно намалување на ДДВ-то за 30 отсто, сè додека на овие острови работат прифатните центри за бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за миграција и азил на Грција и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони соопштија дека оваа одлука доаѓа откако Еврогрупата на вчерашниот состанок го одобрил предлогот на Владата, а веќе следната недела ќе се донесе и законска регулатива.