Бизнис
18. јуни 2017 - 16:34

Намалениот род ги крена цените на вишните

Ниските пролетни температури и мразот ја десеткуваше овогодинашната реколта на вишни во Штипско-Карбинскиот регион. Штетата кај овошните насади се движи помеѓу 80 и 90 % што резултира со минимално производство од само 200 тони.

- Споредбено со минатите години, кога произведувавме повеќе до 1 200 тони сопствено производство, покажува дека имаме големи штети од мразовите- изјави Младен Митрев, производител и сопственик на фабрика за преработка на вишни.

Најмали измрзнувања се бележат во Струмичко и таму годинашниов принос е од 8-10 тони од хектар, што е во рамки на задоволителното за македонски услови, а во Овчеполието по 2 тони од хектар. Минималното производство ја зголеми цената на килограм вишни за повеќе од 2 и пол пати.

-Минатата година килограм вишни се откупуваше по 18 денари, а оваа година килограм квалитетна, прва класа вишна, која одговара на нашите стандарди за производство на вишна во алкохол, се откупува по 50 денари-изјави Митрев.

Високата откупна цена е во прилог на производителите, меѓутоа осцилациите на цената на суровината носи несигурнист во продажбата на европските пазари. Среќа во несреќа е тоа што и во другите региони во Европа има измрзнување, па ваквата цена нема да има големи последици врз македонските производи на пазарот.