Македонија
20. November 2017 - 10:56

Намалени водостоите на Дрим, Пчиња, Крива Река и Сатеска

Тројно пониско од просекот за ноември е нивото на реката Црн Дрим кај Ложани, а двојно помали се водостоите на Пчиња кај Катлановска бања, Крива Река кај Крива Паланка и Сатеска кај Ботун, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро е трипати повисоко, додека Охридското и Преспанското се речиси во рамки на ноемврискиот просек.