Бизнис
27. January 2017 - 14:30

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар лани во декември останале непроменети на месечно ниво, а се намалени за 0,6 отсто на годишно ниво. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија, Капитални производи и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто, додека во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.

Во споредба, пак, со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 проценти.