Македонија
26. March 2019 - 11:48

Намалени нивоата на реките, Сатеска 25 пати под просекот

Нивоата на сите реки во земјава бележат опаѓање, но најдрастична е состојбата со Сатеска кај Ботун. Според денешните хидролошките мерења, Сатеска достигнува само два сантиметра за разлика од мартовскиот просек кој изнесува 49 сантиметри.

Три пати пониски се Треска кај Македонски Брод, Струмица кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани, а двојно е намалувањето на Лепенец кај Скопје, Црна кај Новаци, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Штип.

Состојбата со езерата е во рамки на просекот иако мала отстапка, од три сантиметри, е регистрирана кај Дојранско.