Македонија
30. January 2019 - 20:35

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни служби на ЈП „Македонијапат“.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 100 метри на Страцин, од 100 – 150  метри на патниот правец Неготино – Радовиш, до 100 метри на  планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и приспособување на брзината  кон условите на патот.