Македонија
16. December 2018 - 18:54

Намалена видливост поради магла на Крак-Маврово и Крак-Стража

 

Сообраќајот низ целата држава се одвива тековно по влажни коловози. Намалена видливост од 20 до 50 метри поради магла има на патните правци Крак-Маврово и Крак-Стража.

Како што соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат“, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Граѓаните за подетални информации можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или да ја посетат веб-страница  www.makedonijapat.com.mk