Македонија
20. February 2017 - 13:03

Намалена видливост поради магла кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на планискиот превој Стража,  информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.