Македонија
10. January 2018 - 18:40

Намалена видливост на патниот правец Тетово - село Гајре и на превојот Стража

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре и од 80 до 100 метри на планинскиот превој Стража. 

ЈП Македонијапат соопшти дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.