Намалена казната затвор за убиството на Саздо, обвинетите биле млади и казната била превисока
Основниот суд во Скопје денес изрече пресуда со која од 19 години затвор, ја намали на 16 години казната за Бесир Бела и Скендер Демири, за убиството на Никола Саздовски-Саздо. Преиначувањето на пресудата за МКД.мк го потврди законскиот застапник на семејството на оштетениот, адвокатот Ванчо Шехтански кој додава дека причина за намалување на казната од 3 години е тоа што, Судот сметал дека обвинетите биле млади лица и претходно изречената казна од 19 години била превисока.
За утре во 12 часот е закажано и рочиштето за третиот обвинет во овој предмет, Јетон Љужа кој беше во бегство, па фатен од полицијата. На утрешното рочиште Љужа треба пред судот да ја каже својата верзија за настанот.
Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, првично беа осудени на затвор од по 19 години за убиство на свиреп начин. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда.
Малдиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово